Екологија - Николина
Wednesday, January 2, 2013
Што е рециклирање?
Рециклирањето е процес на преработка на продуктите што се наоѓаат во отпадот, при што тие служат како суровини за производство на нови продукти. На тој начин се забавува исцрпувањето на суровините присутни во природата. При производството на предмети добиени од секундарни суровини, се трошат помали количества енергија отколку што би се потрошиле при добивање на производите од примарни суровини, што го прави рециклирањето енергетски ефикасен процес. Речиси половина од отпадот што го создаваме може да се рециклира. 30% од лушпите од зеленчукот и од другиот органски отпад што го фрламе, може да се
компостира.
компостира.
Новите технологии постојано го подобруваат квалитетот и дизајнот на рециклираните материјали, а подобрувањата на производствените процеси резултираат во производство на голем број рециклирани производи. На пример, рециклираната хартија денеска е со слични карактеристики како и висококвалитетната хартија произведена од примарни суровини и може да се употребува на ист начин во принтерите и фотокопирите.
Процесот на рециклирање како целина е завршен кога купуваме производи направени од рециклирани материјали, со што придонесуваме за понатамошното стимулирање на овој процес и помагаме во затворањето на кружниот тек на материјата.
10 начини како да штедиме електрична енергија
Tuesday, December 18, 2012
Зошто треба да штедиме електрична енергија?
Ако за еден момент се осврнеме на секојдневните работи во нашите животи ќе забележиме дека речиси сите имаат врска со енергијата. Електричната енергија е една од неопходностите за денешниот модерен живот. Речиси да е невозможно да се замисли денешниот живот без телевизија, радио, топла вода, компјутери, без осветление… Бенефитот од електричната енергија е голем и често не се внимава како се користи електричната енергија.
Сепак, со порастот на цената на електричната енергија и нејзиното севкупно влијание врз животната средина, свеста за нејзиното рационално користење е зголемена. Сѐ со цел порационално користење, има неколку работи кои секој може да ги примени како би имал енергетски поефикасен дом, а со тоа и помали сметки за електрична енергија. Мерките претставени во текстот не баарат дополнителни инвестиции и нивната ефективност зависи од тоа колку ние сме спремни да се придржуваме до нив.
Tuesday, December 11, 2012
ЕКО УЧИЛИШТЕ
За да бидеме екологисти и уште повеќе да ја зачуваме планетата Земја,потребно е и да формираме еколошка акција во нашето училиште.Да правиме плакати,да го чистиме училишниот двор,да засадиме дрвца,да рециклираме хартија и слично.Исто така да организираме еколошки натпревари.Да дедеме се од себе и да ја зачуваме нашата планета!!
Subscribe to:
Posts (Atom)