Зошто треба да штедиме електрична енергија?
Ако за еден момент се осврнеме на секојдневните работи во нашите животи ќе забележиме дека речиси сите имаат врска со енергијата. Електричната енергија е една од неопходностите за денешниот модерен живот. Речиси да е невозможно да се замисли денешниот живот без телевизија, радио, топла вода, компјутери, без осветление… Бенефитот од електричната енергија е голем и често не се внимава како се користи електричната енергија.
Сепак, со порастот на цената на електричната енергија и нејзиното севкупно влијание врз животната средина, свеста за нејзиното рационално користење е зголемена. Сѐ со цел порационално користење, има неколку работи кои секој може да ги примени како би имал енергетски поефикасен дом, а со тоа и помали сметки за електрична енергија. Мерките претставени во текстот не баарат дополнителни инвестиции и нивната ефективност зависи од тоа колку ние сме спремни да се придржуваме до нив.